Home
Анкета „Младите и Европските Вредности“
Коалиција СЕГА е носител на проектот „Младите и европските вредности“ кој е финансиски поддржан од Владата на РСМ преку Програмата за финасирање на програмски активности на здруженија и фондации. Проектот има за цел да придонесе кон развиен и одржлив граѓански сектор кој адекватно ги адресира потребите на младите на Р. С. Македонија. Согласно на потребите на младинските граѓански организации проектот предвидува методологија која опфаќа два клучни сегменти во насока на Зајакнување на капацитетите на младинските организации во Р. С. Македонија за промоција на европските вредности во согласност со европските трендови и практики:
Во рамките на проектот, СEГА ќе спроведе онлај истражување – анкетата „Младите и европските вредности“ со цел да се испита мислењето на младите во однос на промовирањето, почитувањето и поттикнувањето на европските вредности во нашата држава, како земја кандидат за Членка на Европската Унија. Преку учество во анкетата младите на возраст од 15 – 29 години ќе имаат можност да придонесат кон поттикнување на севкупната дебата на тема младите и европските вредности, и воедно, да го изразат своето мислење и да споделат искуства во однос на европските вредности: волонтерство, социјалната вклученост на младите, интеркултурниот и меѓурелигиски дијалог, основните права и заедничките вредности, критичкото размислување, медиумската писменост и иницијативноста. Ги покануваме младите да учествуваат во истражувањето со пополнување на анкетата на следниов линк: https://ec.europa.eu/eusurvey/runner/Youth-EUvalues Воедно истакнуваме дека поддршката од граѓански организации ќе ни значи, и затоа ги покануваме да го споделат линкот од анкетата со своите млади членови, волонтери и корисници. ________________________________________________________________________________________________ |
Завршен настан - Активно вклучување на младите во организациските практики на МСП
На 6.11.2019 година, во просториите на Младински Совет Прилеп се одржа Промотивен настан за презентирање на програмските активности на МСП!!! Младите дознаа повеќе за работата на Младински Совет Прилеп, беше претставен проектот и активностите кои ги сработивме во последните 6 месеци, беше промовирано видеото кое го изработивме во рамки на проектот, а воедно младите даваа идеи и предлози за зголемување на транспарентноста на МСП. 🛑Програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“, ја спроведува Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС, Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС). |
Промотивен настан
На 6.11.2019 година (среда) со почеток од 12часот ќе се одржи Промотивен настан за презентирање на програмските активности на МСП. Доколку сакате да дознаете што работи Младински Совет Прилеп, имате прашања за нас, сакате да се вклучите во нашите активности (креативни игри за млади, презентација на работата на МСП преку видео, работилница за млади и сл.), а воедно сакате да ни дадете препораки за нашата работа за идни активности придружете ни се во среда од 12часот во просториите на Младински Совет Прилеп (позади Стара Општина). Програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“, ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС). |
Активно вклучување на младите во организациските практики на МСП
Младински Совет Прилеп во периодот од 15.мај 2019 - 14 ноември 2019 година го спроведува проектот: „Активно вклучување на младите во организациските практики на МСП". Главна цел на проектот е подобрување на транспарентноста на МСП за известување за организациските активности преку подобрување на комуникацијата на МСП со младите луѓе во општина Прилеп. Проектот: „Активно вклучување на младите во организациските практики на МСП“, се спроведува во периодот мај-ноември 2019 година, а истиот е финансиран преку програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“, која ја спроведува Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС, Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС). |
Отворен ден за информирање на граѓаните за работата на МСП
На 2.10.2019 година (среда) МСП одржа голем Отворен ден за информирање на граѓаните за работата на Младински Совет Прилеп! Mладите имаа можност да слушнат повеќе за работата на Младински Совет Прилеп ни поставуваа прашања, даваа коментари, споделуваа идеи за наредни активности и за зголемување на нашата видливост и транспаретност на организацијата. Програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“, ја спроведува Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС, Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС). |
Отворен ден за информирање на граѓаните за работата на Младински Совет Прилеп
На 2.10.2019 година (среда) со почеток од 11часот ќе се одржи голем Отворен ден за информирање на граѓаните за работата на Младински Совет Прилеп! Отворениот ден се организира во рамките на проектот: „Активно вклучување на младите во организациските практики на МСП“ кој Младински Совет Прилеп го спроведува во периодот мај-ноември 2019. Доколку сакате да дознаете што работи Младински Совет Прилеп, имате прашања за нас, сакате да се вклучите во нашите активности (креативни игри за млади, презентација на работата на МСП преку видео, работилница за млади и сл.), а воедно сакате да ни дадете препораки за нашата работа за идни активности придружете ни се утре од 11часот кај Саатот. Ние, заедно со нашите локални волонтери и ЕВС волонтерот од Франција ќе бидеме таму да ви одговориме на сите ваши прашања, а вие ќе можете да ни дадете предлози за поуспешна работа и активно вклучување на младите од Прилеп во креирање и спроведување на младински политики. Програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“, ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС). Ве очекуваме!!! Тимот на Младински Совет Прилеп |
Активно вклучување на младите во организациските практики на МСП
Формиран Советот на млади на Општина Прилеп
Во Општина Прилеп на 23.8.2019 година беше одржана првата конститутивна седница на Совет на млади, на која покрај градоначалникот Илија Јованоски, присуствуваа и претседателот на општинскиот Совет Миле Талевски, претседателот и членовите на Комисијата за општествени дејности и заштита на правата на децата и избраните претставници од младинските огранизации. Советот на млади брои 9 членови и е формиран од млади луѓе на возраст од 15 до 30 години, кои по објавен јавен повик беа избрани од страна на Комисијата за општествени дејности и заштита на правата на децата при Советот на општина Прилеп. На конститутивната седница, за претседател на Совет на млади беше избран Јован Јованоски, а за потпретседател беше назначена Маја Стевановска од Младински Совет Прилеп, а според деловникот за работа претседателот за секретар го назначи Александар Богоески. Советот на млади ќе има повеќе активности, меѓу кои и поднесување предлози до Комисијата за општествени дејности и правата на децата при Советот на општина Прилеп, предлагање на мерки за остварување и спроведување на одлуките и програмите за грижа на младите, организирање работилници, предавања, трибини, манифестации и други активности во врска со младинските прашања, а воедно ќе поттикнува и соработка со Советите на млади од другите општини во земјава. Вашите идеи, предлози, активности можете да ги доставите до maja@ycp.org.mk за разгледување на седница на Совет на млади! |
Активно вклучување на младите во организациските практики на МСП
![]() Главна цел на проектот е подобрување на транспарентноста на МСП за известување за организациските активности преку подобрување на комуникацијата на МСП со младите луѓе во општина Прилеп. Главни активности кои се спроведуваат во рамките на проектот се: Обука за користење на онлајн алатки за подобрување на транспарентноста за известување за постигнатите резултати, Видео со анимација за известување за организациските постигнувања, Отворен ден за информирање на граѓаните за работата на МСП и Промотивен настан за презентирање на програмските активности на МСП. Зајакнатите капацитети на МСП за транспарентно известување и подобреното известување за организациските постигнувања ќе придонесат кон зголемување на довербата на младите кон МСП, вклучување во активностите на МСП, одржливост на активностите и целите на организацијата и зголемување на видливоста на МСП на локално и регионално ниво. Проектот: „Активно вклучување на младите во организациските практики на МСП“, се спроведува во периодот мај-ноември 2019 година, а истиот е финансиран преку програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“, која ја спроведува Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС, Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС). |