ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ШВАЈЦАРИЈА, МОЖНОСТ ЗА МЛАДИТЕ ОД
ОПШТИНА ПРИЛЕП
Во период од 27.07.2016 до 10.08.2016 Коалиција на младински организации СЕГА, во партнерство со Македонски Центар за граѓанско образование, СППМД Кавадарци, ХДЗ Мајка Куманово и Центар за Едукација и Развој Теарце организира ЛЕТЕН КАМП – ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ДЕТСКОТО СЕЛО ПЕСТАЛОЦИ ВО ТРОГЕН, ШВАЈЦАРИЈА.
Целта на оваа размена е да им овозможи на учесниците да се здобијат со знаења и вештини поврзани со правата на децата, со принципите на меѓукултурниот дијалог и комуникација, анти-дискриминација, меѓусебно разбирање, почитување и толеранција на вредностите помеѓу различните култури.
Финансиско учество на учесниците за размената: 8.615,00 МКД.
Критериуми за учество:
- Година на раѓање: 1999/2000
- Валидна патна исправа (пасош) со рок на важност не порано од 27.01.2017 година
- Кандидати/ки кои не учествувале претходно на Интеркултурна размена во Детското село Песталоци
- Предност при изборот ќе имаат кандидати/ки од ранливи категории (ученици кои живеат во рурални средини, припадници на различни етнички групи, деца од семејства со пониски приходи, итн.)
Покрај учеството на интеркултурната размена, по завршувањето учесниците ќе имаат и одговорности односно вклучување во имплементација на активностите од акционите планови креирани за време на размената кои се директно поврзани со активностите во текот на неделата на детето во октомври.
Сите заинтересирани ученици може да се пријават на меил andrej.gabroski@ycp.org.mk најдоцна до 14.06.2016 година. Потенцијалните кандидати ќе бидат повикани на интервју на 17.06.2016 година.
Доколку имате прашања или потреба од дополнителни информации обратете се на е-маил contact@ycp.org.mk или телефон 075 290 286 или 078 603 454.
Младите практиканти се вратија од Португалија, Англија, Грција и Хрватска
Млади средношколци од Прилеп имаа можност да учат и се стекнат со двонеделна практична работа на работно место во Грција, Хрватска, Португалија и Англија како дел од интернационални компании.
YouTube Video
За време на престојот во странство, 16-те средношколци од Прилеп имаа практичната настава и ги развиваа своите вештини во полето на маркетинг менаџментот, преку методи кои што се користат во неформалното учење, практична работа во Центри за стручно образование и интернационалник компании во државите кои се партнери на проектот.
Проектот “Ние можеме и ние ќе го направиме тоа“ е дел од програмата Еразмус + на Европската комисија и го имплементираат партнери од пет различни држави и тоа Македонија, Португалија, Англија, Грција и Хрватска
Младите од Прилеп ги унапредија своите професионални вештини преку проектот „Ние можеме и ние ќе го направиме тоа“ која има за цел да ја поттикне синергија помеѓу формалното и неформалното образование и вработувањето на младите промовирајќи ги неформалните образовни институции како место за практична настава стекната во формалните образовни системи.
Младите практиканти во Англија: Го доловивме „духот на деловното работење“
„По долгото исчекување и возбуда на 18 Март конечно стигнавме на Gatwick во Лондон, Англија. Само што стапнавме на земја, знаевме дека ова ќе биди голема авантура. Стигнавме во Лондон, каде што со воз патувавме до Портсмунт. Уште одма почнавме да се восхитуваме на архитектурата, која е многу препознатлива (нормално од филмовите), а за културата, однесувањето и љубезноста на луѓето немаме зборови со кој би се искажале. Во фирмата IBD Partnership, не пречекаја многу “lovely”, стварно посебни луѓе, пред се големи професионалци. Ни објаснаа кои ни се задачите, работните места, домовите каде што ќе престојуваме, и за почеток не нагостија богато. Градот е исполнет сс многу музеи и историски спомени, а имавме време да видиме само дел од нив. Истотака, имавме и екскурзија во Лондон, град за кој не постојат зборови со кои би ги искажале нашите впечатоци. Но, пред се, тука бевме на меѓународна пракса, преку проектот “We can and We will” со имплементација на Младински Совет Прилеп, финансиран од Erasmus +, со што можиме да се пофалиме. Очекувавме да биде се’ поразлично од Македонија и не се излагавме. Имавме многу големи очекувања, но добивме многу повеќе од тоа. Правењето на проекти, средување на документацијата, учеството на работни состаноци, не направи многу попрофесионални и да гледаме многу подруго на работите.
Менторот и останатите соработници се покажаа во најдобро светло и ни помогнаа да ги усовршиме менаџерските способности. Стекнавме големо искуство во сферата на маркетингот, го доловивме “духот на деловното работење”, тимската работа како и тим лидерството, секако и подобрување на англискиот јазик. Оваа пракса е едно големо искуство и можност за која се надеваме дека ќе ни биде ценета во работните односи што ќе ги созадаваме понатаму.“
Проектот „Ние можеме и ние ќе го направиме тоа“ има за цел да ја поттикне синергија помеѓу формалното и неформалното образование и вработувањето на младите промовирајќи ги неформалните образовни институции како место за практична настава стекната во формалните образовни системи, овозможувајќи 16 млади од Прилеп да имаат можност да учат и се стекнат со практична вештини на работни позиции во Грција, Хрватска, Португалија и Англија.
“Ние можеме и ќе го направиме тоа” е подржан од Еразмус+ програмата на Европската Комисија.
МЛАДИНСКИ СОВЕТ ПРИЛЕП: Младите практиканти се вратија од Хрватска Проектот „Ние можеме и ние ќе го направиме тоа“ има за цел да ја поттикне синергија помеѓу формалното и неформалното образование и вработувањето на младите промовирајќи ги неформалните образовни институции како место за практична настава стекната во формалните образовни системи, овозможувајќи 16 млади од Прилеп да имаат можност да учат и се стекнат со практична вештини на работни позиции во Грција, Хрватска, Португалија и Англија.
„Нашето искуство на оваа меѓународна пракса започна на 1 Март, кога дојдовме во Хрватска со премногу очекувања на нашата пракса, за нашето надополнување на знаењата кои ќе ги стекнеме. Престојувавме во Лабин, град во кој претежно живеат уметници, сликари, музичари. Градот има изобилство на убавини и природа, галерии, музеи и културни места. Воодушевени од пречекот на претставниците од „Алфа Албона“, од нивната гостопримливост.
Со помош на Erasmus + и проектот “We can and We will” имплементиран од Младински Совет Прилеп, ја добивме оваа можност да стекнеме ново огромно работно искуство, да научиме како функционира Erasmus + и EVS програмата, запознавајќи се со работата на организацијата. Секојдневно учествувавме во интерактивни и едукативни работилници охрабрувајќи го тимскиот дух, мултикултурализмот и учењето на странски јазици. Во овој двонеделен период стекнавме многу нови вештини, се здобивме со нови знаења поврзани со маркетинг и менаџмент кои практично успеавме да ги примениме и за кои се надеваме дека во иднина ќе ни помогнат во наоѓање на добра работна позиција.“ - споделија со нас, практикантите кои беа дел од „Алфа Албона“, Лабин, Хрватска.“We can and We will” е подржан од Еразмус+ програмата на Европската Комисија.
Националната кампања „Право на младинско информирање Информирај Се СЕГА ! “
Со голема чест и задоволство Ви го претставуваме видеото кое е дел од Националната кампања „Право на младинско информирање Информирај Се СЕГА ! “ , поддржано од Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и Регионот од Долна Нормандија од Франција.
Национална Кампања ИНФОРМИРАЈ СЕ СЕГА
Во ова промотивно видео учествуваа успешни и талентирани млади кои порачуваат дека младите имаат право да добиваат точни и навремени информации за теми кои нив ги засегаат.
Информирај се и ти, затоа што имаш право! Информирај се СЕГА !
Голема благодарност до учесниците:
Стојаноски Андреј – Вице шампион на светското првенство на глуви 2015, спортист на годината- спортски оскар во категорија Спортисти со инвалидитет, Член на пливачки клуб БЕТА од Скопје
Блашка Ми Ева – Уметник и дизајнер на накит, победник на конкурсот за најдобро лого во рамките на Националната кампања „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“
Милован Петровиќ – Фудбалер во ФК „Работнички“ Скопје и репрезентативец на ФФМ (Фудбалска Федерација на Македонија)
The Hounds – Музичка група, алтернативна музика
Ева Скендеровска – Актер во Театар Комедија Скопје
Мартин Несторовски – Каратист, освоено трето место на Европски олимписки игри 2015
Кампањата „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“ ја спроведуваат Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци, а во соработка со Агенција за млади и спорт, Коалиција СЕГА и други невладини организации. Младински Совет Прилеп е локален партнер во кампањата „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“
Кампањата „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“ се реализира со поддршка на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и Регионот од Долна Нормандија од Франција.
Youth Council Prilep sents High-school Graduates
on International Internships
Подобрување на
вработливоста на младите луѓе и побрза транзиција од образование кон пазарот на
трудот е основна цел на двонеделната посета на 4 Европски земји од страна за 16
млади, штотуку завршени среднисти, од Економското училиште „Кузман Јосифовски
Питу“ од Прилеп.
Во наредниот период 16 млади од Прилеп
ќе имаат можност да учат и се стекнат со практична работа на работно место во
Грција, Хрватска, Португалија и Англија. За време на практичната настава
учесниците ќе ги развијат своите вештини во полето на Маркетинг менаџмент,
Сметководство преку методи кои што се користат во неформалното учење и
практична работа во Центри за стручно образование и Бизнис компании во
Европските држави.
Проектот „Ние можеме и ние ќе го
направиме тоа“ има за цел да ја поттикне синергија помеѓу формалното и
неформалното образование и вработувањето на младите промовирајќи ги
неформалните образовни институции како место за практична настава стекната во
формалните образовни системи.
Миле Димкоски – проектен координатор во
Младински Совет: “Преку овој проектот ќе влијаеме на младите луѓе уште повеќе
да станат свесни за потребата од стекнување на практични искуства и стекнување
на вештини кои побрзо ќе ги донесат до пазарот на трудот. Со практичната работа
во избраните Европски центри за стручно образование и бизнис компании овие
млади ќе ги надградат своите способности и знаења за професионален и кариерен
развој.“
За време на престојот во Европските
држави покрај практичната работа младите ќе имаат можност да се запознаат со
нивни врсници но и културата и знаменитостите на државите преку
викенд екскурзии. „Ние можеме и ние ќе го направиме тоа“ е мултилатерален
проект изработен со учество на 4 партнери, поддржан од ЕУ програмата Еразмус +
и Националната агенција за образовни програми и мобилност.