Home‎ > ‎

20 години Младински Совет Прилеп

posted Aug 26, 2019, 2:26 AM by Maja Stevanovska   [ updated Aug 26, 2019, 2:46 AM ]
Драги наши пријатели, млади, соработници, партнери и поддржувачи на Младински Совет Прилеп!!!

Младински Совет Прилеп годинава прославува 20 години од своето постоење. Годините исполнети со многу проекти, активности, млади, секојдневни настани, дружење и работа за поголема младинска вклученост за доброто на заедницата, сакаме да ја крунисаме со еден прекрасен младински инспиративен настан – дводневни активности на отворено за млади, насловен како: „Младите за МСП“.
Концептот на прославата предвиден по повод 20 години МСП вклучува различни активности: филмска вечер, друштвени игри, работилници и сл. а главната прослава ќе се одржи на 29.08.2019 (четврток) на Камената бина во центарот на градот, со почеток во 20:00 часот, каде ќе настапат млади музичари и локални бендови од Прилеп. Воедно, на 30.08.2019 година, на Паркот Могила ќе се одржи филмска вечер со почеток во 19:30 часот.
Сите активности ги организира тимот на Младински Совет Прилеп, во соработка со волонтерскиот сектор на организацијата кој моментално го сочинуваат 60 локални волонтери од општина Прилеп.
Се надеваме дека ќе не удостоите со Вашето присуство и дека заедно ќе го прославиме нашето 20годишно постоење.


Посебна благодарност до нашите поддржувачи: Општина Прилеп, Кожувчанка, Дизниленд Трејд, Макспринт и Пекара Џулијано, без кои немаше да успееме да ве собереме на едно место!

А најголема благодарност до нашите локални волонтери, без кои немаше да се организираме вака добро!
Продолжете да ни верувате, заедно сме успешни!!!

Дојдете да се дружиме, да учиме и да се забавуваме!
Во четврток и петок бидете со нас!!!
Имаме многу изненадувања!


Официјална агенда за настанот:

29ти август
11:00-12:00 ИНФО ДЕН- 20 години Младински Совет Прилеп (Саат Кула)
20:00-22:30 Роденденска прослава (Камена бина)
-Александра, Михаил, Кирил, Илија
-Сара, Божидар, Гоце
-DJ – Михаил Дивјакоски

30ти август
19:30-21:00 Филмска вечер (Парк Могила)


Со почит,

Тимот на Младински Совет Прилеп
Comments