Home‎ > ‎

Активно вклучување на младите во организациските практики на МСП

posted Aug 26, 2019, 2:29 AM by Maja Stevanovska

Младински Совет Прилеп во периодот од 15.мај 2019 - 14 ноември 2019 година го спроведува проектот: „Активно вклучување на младите во организациските практики на МСП".
Главна цел на проектот е подобрување на транспарентноста на МСП за известување за организациските активности преку подобрување на комуникацијата на МСП со младите луѓе во општина Прилеп.
Главни активности кои се спроведуваат во рамките на проектот се: Обука за користење на онлајн алатки за подобрување на транспарентноста за известување за постигнатите резултати, Видео со анимација за известување за организациските постигнувања, Отворен ден за информирање на граѓаните за работата на МСП и Промотивен настан за презентирање на програмските активности на МСП.


Зајакнатите капацитети на МСП за транспарентно известување и подобреното известување за организациските постигнувања ќе придонесат кон зголемување на довербата на младите кон МСП, вклучување во активностите на МСП, одржливост на активностите и целите на организацијата и зголемување на видливоста на МСП на локално и регионално ниво.


Проектот: „Активно вклучување на младите во организациските практики на МСП“, се спроведува во периодот мај-ноември 2019 година, а истиот е финансиран преку програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“, која ја спроведува Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС, Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС).
Comments