Коалиција СЕГА е носител на проектот „Младите и европските вредности“ кој е финансиски поддржан од Владата на РСМ преку Програмата за финасирање на програмски активности на здруженија и фондации. Проектот има за цел да придонесе кон развиен и одржлив граѓански сектор кој адекватно ги адресира потребите на младите на Р. С. Македонија. Согласно на потребите на младинските граѓански организации проектот предвидува методологија која опфаќа два клучни сегменти во насока на Зајакнување на капацитетите на младинските организации во Р. С. Македонија за промоција на европските вредности во согласност со европските трендови и практики:
Во рамките на проектот, СEГА ќе спроведе онлај истражување – анкетата „Младите и европските вредности“ со цел да се испита мислењето на младите во однос на промовирањето, почитувањето и поттикнувањето на европските вредности во нашата држава, како земја кандидат за Членка на Европската Унија. Преку учество во анкетата младите на возраст од 15 – 29 години ќе имаат можност да придонесат кон поттикнување на севкупната дебата на тема младите и европските вредности, и воедно, да го изразат своето мислење и да споделат искуства во однос на европските вредности: волонтерство, социјалната вклученост на младите, интеркултурниот и меѓурелигиски дијалог, основните права и заедничките вредности, критичкото размислување, медиумската писменост и иницијативноста. Ги покануваме младите да учествуваат во истражувањето со пополнување на анкетата на следниов линк: https://ec.europa.eu/eusurvey/runner/Youth-EUvalues Воедно истакнуваме дека поддршката од граѓански организации ќе ни значи, и затоа ги покануваме да го споделат линкот од анкетата со своите млади членови, волонтери и корисници. ________________________________________________________________________________________________ |
Home >