Почнувајќи од 17ти до 19ти октомври 2018 год. успешно се одржа Булеварот на мислења, како активност која е дел од проектот на Младинскиот Совет Прилеп за креирање на Локална Младинска Стратегија во Општина Крушево. На настанот се обезбеди отворен консултативен процес за младите од Општина Крушево, с. Норово и с. Бучин на кој тие можеа да ги искажат своите мислења и ставови по однос на поставените насоки и стратешките цели изведени од претходно одржаните фокус групи со граѓаните. Проектот "Креирање на Локална Младинска Стратегија во Општина Крушево" е имплементиран во рамките на проектот: "Граѓанските организации во служба на локалната демократија" спроведен од АЛДА Скопје, Европско движење Македонија и Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавни претпријатија со финансиска поддршка на Европската Унија преку ИПА 2 инструментот. Следува финалната фаза во креирањето на Локалната младинска стратегија во Општина Крушево. ![]() ![]() ![]() Младински Совет Прилеп во соработка со Младински Совет Крушево и Општина Крушево спроведува проект за подготовка на Локална Младинска Стратегија во општина Крушево. Проектот опфаќа активности за воспоставување структура за подготовка на петгодишна младинска стратегија (2019 – 2023 година), како и активности за утврдување на потребите и можните решенија кои треба да ја сочинуваат содржината на локалната младинска стратегија. Со пополнувањето на овој прашалник и ти ја имаш можноста да го дадеш своето мислење и да придонесеш во подготовката на локалната младинската стратегија која треба да одговори и на твоите потреби. Прашалникот е анонимен и сите податоци ќе се користат само за изведување на статистички анализи. Проектот „Креирање на Локална Младинска Стратегија во Општина Крушево“ е имплементиран во рамки на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ спроведен од АЛДА Скопје, Европско движење Македонија и Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавни претпријатија со финансиска поддршка на Европската унија преку ИПА 2 инструментот _________________________________________________________________________________ ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ФОТОРЕПОРТЕР Опис на активностите на фоторепортерот: Фоторепортерот ќе биде ангажиран за изработка на фото и видео материјали при процесот на имплементирање на целокупниот проект, kако и подготовка и обработка на фото и видео материјали за секоја поединечна активност во согласност со проектниот тим, помладиот истражувач и фасилитаторот на работната група. Овие материјали ќе се користат како извор на верификација при реализирана активност, за десиминирање на проектните активности како и промоција. Очекувани резултати од работата на фоторепортерот: - Фоторепортирање на работни средби - Фоторепортирање на јавни настани - Доставена документација (договор и изјава за извршена работа, временска табела) Основни критериуми за селекција - Најмалку 2 години искуство во работа со фоторепортирање - Најниска понудена цена Период на спроведување Потребно е да се испорачаат услугите во времетраење од 20 експертски денови, во период од Јуни 2018 година - Октомври 2018 година. За учество на овој јавен повик, можете да се пријавите со испраќање на Ваше Мотивационо писмо, Кратка биографија (CV) и Пополнета Апликација Апликацијата се доставува во електронска форма: Адреса: contact@ycp.org.mk Предмет за електрoнска достава: „ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ФОТОРЕПОРТЕР“ – Име и Презиме“ Краен рок за доставување на понуда е 13.06.2018, најдоцна до 16:00 ч. Понудите што ќе пристигнат по изминување на наведениот рок, како и оние кои не се доставени според условите на повикот, нема да бидат земени предвид. За подетални информации може да не контактирате на е-маил адреса: contact@ycp.org.mk Младински Совет Прилеп го имплементира проектот „Креирање на Локална Младинска Стратегија во Општина Крушево“ во рамките на „Граѓанските организации во служба на локална стратегија“, проект, чија што цел е да го зајакне влијанието на организациите од граѓанското општество во јавните политики на локално ниво. Проектот е спроведен од Европската Асоцијација за локална демократија (АЛДА) - Скопје, Европско движење Македонија и Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавни претпријатија со финансиска поддршка на Европската унија преку ИПА 2 инструментот. |
Home > Different Lifestyles >