Во Општина Прилеп на 23.8.2019 година беше одржана првата конститутивна седница на Совет на млади, на која покрај градоначалникот Илија Јованоски, присуствуваа и претседателот на општинскиот Совет Миле Талевски, претседателот и членовите на Комисијата за општествени дејности и заштита на правата на децата и избраните претставници од младинските огранизации. Советот на млади брои 9 членови и е формиран од млади луѓе на возраст од 15 до 30 години, кои по објавен јавен повик беа избрани од страна на Комисијата за општествени дејности и заштита на правата на децата при Советот на општина Прилеп. На конститутивната седница, за претседател на Совет на млади беше избран Јован Јованоски, а за потпретседател беше назначена Маја Стевановска од Младински Совет Прилеп, а според деловникот за работа претседателот за секретар го назначи Александар Богоески. Советот на млади ќе има повеќе активности, меѓу кои и поднесување предлози до Комисијата за општествени дејности и правата на децата при Советот на општина Прилеп, предлагање на мерки за остварување и спроведување на одлуките и програмите за грижа на младите, организирање работилници, предавања, трибини, манифестации и други активности во врска со младинските прашања, а воедно ќе поттикнува и соработка со Советите на млади од другите општини во земјава. Вашите идеи, предлози, активности можете да ги доставите до maja@ycp.org.mk за разгледување на седница на Совет на млади! |
Home >