Home‎ > ‎

Интерна обука:„Користење на онлајн алатки за подобрување на транспарентноста за известување за постигнатите резултати“

posted Aug 14, 2019, 6:57 AM by Unknown user   [ updated Aug 14, 2019, 6:58 AM ]

Во Младински Совет Прилеп на 26.7.2019 година, се одржа интерната обука: „Користење на онлајн алатки за подобрување на транспарентноста за известување за постигнатите резултати“, во рамките на проектот: „Активно вклучување на младите во организациските практики на МСП“.



Обуката имаше за цел зајакнување на капацитетите на Младински Совет Прилеп за транспарентно известување и користење на онлајн алатки. На обуката присуствуваа 11 претставници на организацијата, кои имаа можност да се стекнат со вештини за користење на Canva, Typeform, Plotly и други визуелни алатки, а воедно се стекнаа со знаења за подобрување на транспарентноста на граѓанските организации и улогата на социјалните медиуми.


Проектот: „Активно вклучување на младите во организациските практики на МСП“, се спроведува во периодот мај-ноември 2019 година, а истиот е финансиран преку програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“, која ја спроведува Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС, Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС).

Comments