Home‎ > ‎

Младински Совет Прилеп има потреба од Проектен асистент

posted Jan 10, 2020, 7:34 AM by Maja Stevanovska   [ updated Jan 16, 2020, 1:55 AM ]


Младински Совет Прилеп објавува

ЈАВЕН ПОВИК за вработување на Проектен асистент

 

Потребни квалификации:

-       Диплома за завршено образование (Предност ќе имаат кандидатите кои имаат завршено високо образование или се во завршна фаза од студиите)

-       Искуство во здруженија или фондации (предност имаат кандидатите кои имаат работно искуство)

-       Одлично познавање и употреба на англискиот јазик (говор и пишување)

-       Активно користење на MS Office

-       Одлични комуникациски вештини

-       Чувство на одговорност во извршувањето на поставените задачи

-       Креативност во пристапот, иницијативност и способност за работа во тим

 

Задачи, одговорности и очекувања од Проектниот асистент:

-       - Координација на волонтери од Европски Солидарен Фонд:

§  Да ги запознае волонтерите со културата, традицијата, начините на живот во Македонија; 

§  Да организира дневни, неделни и месечни состаноци за планирање на работата на волонтерите;

§  Помош и поддршка во реализацијата на активностите на волонтерите (средби, работилници, настани и сл.);

§  Административна и техничка поддршка за време на престојот на волонтерите;

§  Да го следи личниот и професионален развој на волонтерите;

-       - Подготовка на дневни извештаи, месечни и годишни извештаи; 

-       - Одржување на веб страна и др социјални мрежи на МСП и Пулс Радио

-       - Помош и поддршка на Раководителот на проекти во планирање, имплементација и евалуација на проекти и активности

-       - Помош и поддршка при организација и реализирање на настани

-       - Флексибилност во спроведувањето на работните обврски и службени патувања.

 

o   Работно време: Понеделник – Петок (9:00-16:30)

o   Плата: 14.500 ден.

o   Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати за Проектен асистент може да аплицираат најдоцна до 20.01.2020 (понеделник), до 12:00 часот преку испраќање на свое CV и мотивационо писмо на е-маилот: contact@ycp.org.mk со назнака: APLIKACIJA ZA Proekten asistent.

За дополнителни информации за повикот, контактирајте не на: 075/377-317 – Маја Стевановска.

 

 

 

 


*ЕСК - Европски Солидарен Корпус

 

Comments