Home‎ > ‎

Отворен ден за информирање на граѓаните за работата на Младински Совет Прилеп

posted Oct 1, 2019, 3:42 AM by Unknown user   [ updated Oct 1, 2019, 3:45 AM ]
На 2.10.2019 година (среда) со почеток од 11часот ќе се одржи голем Отворен ден за информирање на граѓаните за работата на Младински Совет Прилеп!
Отворениот ден се организира во рамките на проектот: „Активно вклучување на младите во организациските практики на МСП“ кој Младински Совет Прилеп го спроведува во периодот мај-ноември 2019.
Доколку сакате да дознаете што работи Младински Совет Прилеп, имате прашања за нас, сакате да се вклучите во нашите активности (креативни игри за млади, презентација на работата на МСП преку видео, работилница за млади и сл.), а воедно сакате да ни дадете препораки за нашата работа за идни активности придружете ни се утре од 11часот кај Саатот.




Ние, заедно со нашите локални волонтери и ЕВС волонтерот од Франција ќе бидеме таму да ви одговориме на сите ваши прашања, а вие ќе можете да ни дадете предлози за поуспешна работа и активно вклучување на младите од Прилеп во креирање и спроведување на младински политики.


Програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“, ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС).

Ве очекуваме!!!
Тимот на Младински Совет Прилеп
Comments