Home‎ > ‎

Промотивен настан

posted Nov 4, 2019, 6:13 AM by Unknown user

На 6.11.2019 година (среда) со почеток од 12часот ќе се одржи Промотивен настан за презентирање на програмските активности на МСП.
Промотивниот настан се организира во рамките на проектот: „Активно вклучување на младите во организациските практики на МСП“ кој Младински Совет Прилеп го спроведува во периодот мај-ноември 2019.

Доколку сакате да дознаете што работи Младински Совет Прилеп, имате прашања за нас, сакате да се вклучите во нашите активности (креативни игри за млади, презентација на работата на МСП преку видео, работилница за млади и сл.), а воедно сакате да ни дадете препораки за нашата работа за идни активности придружете ни се во среда од 12часот во просториите на Младински Совет Прилеп (позади Стара Општина).



Програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“, ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС).

Comments