Home‎ > ‎

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ИТ експерт (монтажер)

posted Aug 8, 2019, 6:09 AM by Unknown user   [ updated Jun 2, 2020, 5:30 AM by Youth Council Prilep ]



Во рамките на проектот „Активно вклучување на младите во организациските практики на МСП“, Младински Совет Прилеп има потреба од набавка на услуги од 1 (еден) ИТ експерт (монтажер) за спроведување на проектна активност – Видео со анимација за известување за организациските постигнувања. За таа цел, Младински Совет Прилеп објавува:


ЈАВЕН ПОВИК 

ЗА ИЗБОР НА ИТ експерт (монтажер)


🔶Опис на активностите на ИТ експертот (монтажерот): 

ИТ експертот (монтажерот) за подготовка на видеото ќе биде задолжен да изработи сценарио за видеото со анимација во соработка со вработените и локалните волонтери на Младински Совет Прилеп кое треба да ги прикажува организациските постигнувања на МСП во последните три години. Исто така, активноста опфаќа и реализација/снимање на видеото и негова монтажа.

Видеото со анимација треба да ја прикаже реалната состојба на организацијата, спроведените активности и проекти, финансиските резултати и распределбата на средствата, со што на еден креативен начин би се зголемила транспарентноста на МСП пред младите, но и кон останатите партнери и донаторите. Воедно, промотивното видео може да вклучува и кратки изјави на наши поранешни локални волонтери или ЕВС волонтери, на кои искуството во МСП им помогнало да станат успешни, она што се денес.

🔶Очекувани резултати:

а) Подготовка, снимање и монтажа на видео со анимација за известување за организациските постигнувања:

-       Подготвено сценарио за видео со анимација

-       Реализација/снимање на видеото со анимација

-       Монтажа на видеото

б) Доставена документација

-       Договор за услуги

-       Изјава за извршена работа 

-       Временска табела

🔶Основни критериуми за селекција 

-  Завршени додипломски студии во полето на информатички науки/графички дизајн или сродни области (кандидатите со завршени постдипломски и/или докторски студии ќе имаат предност)

-     Најмалку 2 години искуство на кандидатот во дизајн, креирање и монтажа на видео материјали

-     Најниска понудена цена 

🔶Период на спроведување 

Потребно е да се испорачаат услугите во периодот од 20 август 2019 година – 14 септември 2019 година.

🔶За учество на овој јавен повик, можете да се пријавите со испраќање на:

-     Пропратно писмо

-     Кратка биографија - CV

-     Листа со референци поврзани со барањето на овој повик

-     Предлог сценарио за видеото

-     Финансиска понуда (Формата за понуда е во состав на оваа тендерска документација)

🔶Апликацијата се доставува во електронска форма: 
     Адреса: contact@ycp.org.mk

🔶Предмет за електрoнска достава: 
    „Понуда за набавка на услуги од ИТ Експерт (монтажер)“ 

🔶Краен рок за доставување на понуда е 15.08.2019, најдоцна до 16:00 ч.

🔶Понудите што ќе пристигнат по изминување на наведениот рок, како и оние кои не се доставени според условите на повикот, нема да бидат земени предвид.

🔶За подетални информации може да не контактирате на е-маил адреса: contact@ycp.org.mk

🔶Документот со насоки за понудувачите на овој тендер може да го симнете на овој линк:

 

IT Ekspert


БУЛЕВАР НА МИСЛЕЊА ВО КРУШЕВО



Младински Совет Прилеп во соработка со Младински Совет Крушево и Општина Крушево спроведува проект за подготовка на Локална Младинска Стратегија во општина Крушево. Проектот опфаќа активности за воспоставување структура за подготовка на петгодишна младинска стратегија (2019 – 2023 година), како и активности за утврдување на потребите и можните решенија кои треба да ја сочинуваат содржината на локалната младинска стратегија.


Со пополнувањето на овој прашалник и ти ја имаш можноста да го дадеш своето мислење и да придонесеш во подготовката на локалната младинската стратегија која треба да одговори и на твоите потреби. Прашалникот е анонимен и сите податоци ќе се користат само за изведување на статистички анализи.

https://tinyurl.com/LMSKRUSHEVO

Проектот „Креирање на Локална Младинска Стратегија во Општина Крушево“ е имплементиран во рамки на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ спроведен од АЛДА Скопје, Европско движење Македонија и Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавни претпријатија со финансиска поддршка на Европската унија преку ИПА 2 инструментот

​_________________________________________________________________________________

Во рамките на проектот „Креирање Локална младинска стратегија во Општина Крушево“, Младински Совет Прилеп има потреба од набавка на услуги за фоторепортирање и промоција на проектните актвности при креирање Локална младинска стратегија во Општина Крушево. За таа цел, Младински Совет Прилеп објавува:

ЈАВЕН ПОВИК 
ЗА ИЗБОР НА ФОТОРЕПОРТЕР 

Опис на активностите на фоторепортерот:

Фоторепортерот ќе биде ангажиран за изработка на фото и видео материјали при процесот на имплементирање на целокупниот проект, kако и подготовка и обработка на фото и видео материјали за секоја поединечна активност во согласност со проектниот тим, помладиот истражувач и фасилитаторот на работната група. Овие материјали ќе се користат како извор на верификација при реализирана активност, за десиминирање на проектните активности како и промоција.

Очекувани резултати од работата на фоторепортерот:

- Фоторепортирање на работни средби
- Фоторепортирање на јавни настани
- Доставена документација (договор и изјава за извршена работа, временска табела)

Основни критериуми за селекција
- Најмалку 2 години искуство во работа со фоторепортирање
- Најниска понудена цена 

Период на спроведување
Потребно е да се испорачаат услугите во времетраење од 20 експертски денови, во период од Јуни 2018 година - Октомври 2018 година.

За учество на овој јавен повик, можете да се пријавите со испраќање на Ваше Мотивационо писмо, Кратка биографија (CV) и Пополнета Апликација

Апликацијата се доставува во електронска форма: 
Адреса: contact@ycp.org.mk

Предмет за електрoнска достава:
„ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ФОТОРЕПОРТЕР“  – Име и Презиме“ 

Краен рок за доставување на понуда е 13.06.2018, најдоцна до 16:00 ч.

Понудите што ќе пристигнат по изминување на наведениот рок, како и оние кои не се доставени според условите на повикот, нема да бидат земени предвид.

За подетални информации може да не контактирате на е-маил адреса: contact@ycp.org.mk

Младински Совет Прилеп го имплементира проектот „Креирање на Локална Младинска Стратегија во Општина Крушево“ во рамките на „Граѓанските организации во служба на локална стратегија“, проект, чија што цел е да го зајакне влијанието на организациите од граѓанското општество во јавните политики на локално ниво. Проектот е спроведен од Европската Асоцијација за локална демократија (АЛДА) - Скопје, Европско движење Македонија и Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавни претпријатија со финансиска поддршка на Европската унија преку ИПА 2 инструментот.


Comments