Знаеме дека претходниот период, поради карантинот нашето време го поминувавме најчесто дома. Поради тоа, волонтерите на Младински Совет-Прилеп, спроведуваа on-line активности изработувајќи весници, презентации и споделувајќи разни видови на рецепти на Facebook групата #youthQuarantine. ЕВС волонтерот на МСП Леонардо од Италија, изработи интересен весник со дел од претходно спроведените активности, кој можете да го погледнете со притискање на линкот во продолжение. Волонтерите на Младински Совет-Прилеп имаа можност да запознаат локални млади и да поминуваат време со нив, да се дружат, да креираат и да учат. Младински Совет-Прилеп ќе продолжи со спроведување на креативни работилници и активности.
|
Home >